Interreg VI-A IPA Bulgaria – North Macedonia Programme 2021–2027, co-funded by the European Union
„По патеките на Мис Стоун“ – патување низ историјата, културното наследство и природните убавини на регионот

Актуелно · 3 ноември 2026

„По патеките на Мис Стоун“ – патување низ историјата, културното наследство и природните убавини на регионот

Презентацијата на туристичката тура „По патеките на Мис Стоун“ се одржа во црквата „Св. Никола“ во село Градошорци, локација за која се верува дека е поврзана со ослободувањето на американската мисионерка Мис Стоун. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, а присуствуваа и претставници на проектните партнери, здруженија на планинари и велосипедисти, историчари и јавни личности. Настанот претставуваше можност за промоција на историското и културното наследство на овој крај, како и за афирмација на нови туристички содржини кои ги поврзуваат историјата, природата и активниот туризам.

← Новости и настани

Партнери

Interreg IPA Bulgaria - North Macedonia
Општина Василево
Кресна
Wine Association Keratsuda
Hotel Miss Stone
ТД Синаница 2000
На фокус