Interreg VI-A IPA Bulgaria – North Macedonia Programme 2021–2027, co-funded by the European Union
По патеките на Мис Стоун: Дводневно пилот-тестирање на туристичката рута

Актуелно · 30 октомври 2026

По патеките на Мис Стоун: Дводневно пилот-тестирање на туристичката рута

Во рамки на проектот Creative DG EcoTour, на 31 октомври и 1 ноември 2026 година ќе се одржи дводневен настан „По патеките на Мис Стоун“, посветен на промоција и пилот-тестирање на туристичката рута, која ги поврзува природните убавини, културното наследство и локалните традиции на регионот. Првиот ден, 31 октомври, е посветен на истражување на туристичката рута преку организирани пешачки и велосипедски тури. Учесниците ќе имаат можност да ја истражат патеката од Турија до Нивичино, да се запознаат со природните и културните атракции и да споделат свои впечатоци и предлози за подобрување на туристичката понуда. Вториот ден, 1 ноември, ќе биде посветен на културното наследство и локалните традиции. Предвидени се посети на културно-историски знаменитости и учество на традиционалната манифестација „Празнијада“, каде што посетителите ќе можат да се запознаат со локалните обичаи, култура и гастрономија. Целта на настанот е да се промовира одржливиот туризам, да се поттикне активното истражување на регионот и да се придонесе кон развој на нови туристички содржини. Настанот се организира во рамки на проектот Creative DG EcoTour, кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија. Информации за учество - Датум: 31 октомври – 1 ноември 2026 година - Собирно место: Црквата во Градашорци - Време на поаѓање: 09:00 часот - Пријавување: +389 71 272 938 - Е-пошта: missstonetrails.info@gmail.com Учесниците се поканети да бидат дел од ова дводневно искуство и заеднички да ги откријат природните и културните богатства по патеките на Мис Стоун.

← Новости и настани

Партнери

Interreg IPA Bulgaria - North Macedonia
Општина Василево
Кресна
Wine Association Keratsuda
Hotel Miss Stone
ТД Синаница 2000
На фокус